Дали смееме да примиме вакцина против коронавирус ако планираме бебе – едно од најчестите прашања од пристигнувањето на вакцините. Три вакцини се одобрени во Србија: Фајзер – БиоНТек, Спутник V и Синофарм. Експертите веќе објаснија дека ниту една од овие вакцини не се препорачува за бремени жени и доилки и дека можат да ја примаат само со сопствена согласност.
Вирусологот, д-р Ана Глигиќ објаснува како треба да размислуваат сите идни мајки, сите оние кои планираат да имаат деца. Ако планираме бебе, дали можеме да ја примиме вакцината, која и кога?
– Прво, да потсетиме – бремена жена која е во првиот триместар, не треба да прима или да зема лекови или антибиотици, освен ако нема друго решение и тоа исклучиво по совет на доктор. Ние ја испитувавме вариолата и кај бремени жени кои биле вакцинирани во тоа време. Зедовме материјал од киретажа од Земунската болница и имаше околу 200 киретажи. Се обидов да го изолирам вирусот, но го немаше. Немавме никакви алармантни резултати, ниту живиот вирус вариола кој беше во вакцината не остави ништо. Второ, ја третиравме крвта од папочна врвца за време на раѓање на новороденчиња на вакцинирани мајки. Ја анализиравме и мајчината крв и крвта од папочната врвца на детето. Откривме дека детето има до четири пати повеќе антитела кон вакциниран вирус отколку мајката. Значи, природата некако се погрижила да го заштити фетусот, му дала поголем имунитет отколку што имаше мајката. Така беше случајот со вакцината за вариолата, вели д-р Глигиќ за српските медиуми.
Резултатите од ова истражување, вели д-р Глигиќ, беа објавени минатата година.
– Затоа што студијата што ја објавивме минатата година ни беше прочитана 1.500 пати! Требаше долго време да се објави и тоа дело е од голема помош и за оваа пандемија, но ние не го знаеме овој вирус. Не знаеме што друго ќе направи. Не е доволно тестиран, а некои вакцини исто така се недоволно тестирани кај бремени жени. Но, она што го зборував од април е дека треба да се внесе класична вакцина за целиот вирус, мртов и ослабен. Бидејќи имаме искуство со вакцината против детска парализа, која го потисна вирусот, го сведе на минимум. Јас промовирам ваква вакцина. Овие други вакцини може да се покажат многу добри, се разбира, но немаат доволно тестови кај бремени жени и деца, бидејќи помина малку време, објаснува д-р Глигиќ.
Д-р Глигиќ вели дека кинеската вакцина е токму таква, „мртва“ од целиот вирус.
– Кинеската вакцина е мртва вакцина и ако го фатите вирусот, а во себе го имате истиот мртов вирус, ќе „натрупате“ антитела и ќе имате заштита. Можеби таа заштита со кинеската вакцина не е 90 проценти, но тоа е заштита! Нема да се разболите страшно ако го фатите вирусот, можеби ќе земете чај и аспирин и тоа е тоа. Иако има помалку заштита, сепак тоа е заштита. Засега, на пазарот, според мое мислење, оваа вакцина е најдобрата. Ако жена која планира да има деца е вакцинирана со мртва вакцина – 21 ден по втората доза, вирусот е елиминиран од телото. Ќе го елиминираат антителата што ќе се создадат. Затоа, по еден до два месеци од вакцинацијата, жената што планира бебе нема да има ништо од тој состав на вакцините во нејзиното тело – таа ќе има само антитела, па од тогаш ќе може да го планира потомството. Од друга страна, короната може да ја нападне за време на бременоста, па затоа е повеќе изложена на ризик доколку не биде вакцинирана. Така мислам јас, вели д-р Ана Глигиќ и додава дека изборот на вакцина е лична работа и дека може само да се објасни за каква вакцина станува збор, но не и да се советува која вакцина да се прими.
– Никој нема доволно искуство со вакцините и вирусот кога станува збор за бремени жени, бидејќи сè е ново и не смеам конкретно да советувам никого. Постојат слабости на организмот за кои човекот не знае ни дека ги има, па затоа не можеме да предвидиме ниту реакции на која било вакцина. Зборувам само со најблиските членови на семејството за вакцините, го објаснувам принципот врз кој се создадени и секој сам ќе одлучи. Она што ме радува е што слушнав од епидемиологот Радмила Петровиќ, со кого работев на „Торлак“, дека втората вакцина што ја примаме не мора да биде иста, така што можете да примите поинаква вакцина од првата, вели д-р Глигиќ.