Српскиот кризен штаб апелира: Вратете се во земјата до крајот на неделата, од петок на сила нови мерки

Од:

Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот ги повика сите државјани на Србија кои престојуваат во Црна Гора и Хрватска да се вратат во земјата до петок во 18 часот, затоа што од тогаш ќе стапат на сила нови мерки и активности за лицата кои ќе влезат во земјата.

„Апелираме на сите граѓани до крајот на оваа недела да се вратат затоа што после тоа ќе имаме поинаков режим за сите кои ќе влезат во земјата“, изјави заменик директорката на Институтот за јавно здравје, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Појасни дека од тогаш ќе биде воведен 10 дневен надзор за сите патници кои ќе влезат во Србија од Црна Гора и од Хрватска.

Кисиќ Тепавчевиќ кажа дека во следните денови на јавноста ќе ѝ бидат презентирани и презицирани дополнителни мерки.

На денешниот состанок на Кризниот штаб се очекуваше да биде одлучено дали српските државјани кои се враќаат од летување од Црна Гора и Хрватска ќе мора да поминат 10 дена во самоизолација.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија