Српски политичар изврши самоубиство: скокна од шестиот кат од зграда во Белград

Од:

Ненад Ристиќ (43), еден од истакнатите членови на Српската радикална партија, поранешен советник во општинското собрание на Чукарица и кандидат за пратеник, изврши самоубиство. Тој скокнал од шестиот кат од зграда во улицата Јасенова во белградската населба Церак.

Во моментот кога одлучил да си го одземе животот, две од неговите три деца биле во станот со Ненад, пренесуваат српските медиуми.

– Се изгледаше нормално утрово. Не се расправавме, немавме проблеми како семејство, изјавила неговата сопруга Мирјана, објавуваат медиумите во Србија.

Според медиумите мотивот за овој чин се уште е непознат, но постојат индиции дека семејството имало финансиски проблеми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски