Српската Влада ги заостри мерките во борбата против Ковид-19

Од:

Српската Влада на денешната седнива донесе нови мерки во борбата против Ковид-19, сопштија од владата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, се заоструваат мерките кои се однесуваат на ограничувањето на јавните собири, на отворено и во затворено. Собирите и во двата случаи се ограничени, така што растојанието помеѓу лицата мора да биде најмалку два метра, како и да не може да има повеќе од едно лице на површина од четири квадратни метри. Сопствениците се должни пред објектот да го наведат вкупниот број на лица кои можат да престојуваат истовремено во рамките на објектот. Од примената на оваа одлука исклучени се лица кои, поради работна обврска и специфичниот начин на организирање на работата, не можат да ја применат оваа мерка, се наведува во соопштението.

Владата заради претпазливост, ја заостри мерката поврзана и со забраната за извоз на лекови и сега забраната за извоз се однесува не само на лекови произведени во Србија, туку и за сите лекови што се наоѓаат на територија на земјата.

Од истите причини, покрај сончогледово масло, од денеска српската Влада го забрани извозот и на сончоглед во лушпа и полу-обработено масло.

-Владата на Република Србија ја користи оваа можност повторно да ги замоли и силно да апелира до сите граѓани, а особено најстарите, да постапуваат одговорно кон себе и кон другите сограѓани. Ако имате над 65 години, останете дома и придржувајте се на добро познатите мерки за заштита на вирусот Ковид-19, се наведува во соопштението на владата.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија