Српската амбасадорка во Загреб одби да прими протестна нота од Хрватска

Од:

Хрватското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја повикале српската амбасадорка Мира Николиќ за да изразат протест поради обидот за ненајавено и незаконско влегување на припадници на српската армија во таа држава. Според хрватски медиуми, амбасадорката одбила да ја прими протестната нота.

Хрватската страна го осуди обидот да влезат припадници на српската армија „без знаење и согласност од хрватските власти и без да се следи пропишаната постапка за најава“, како и дека Министерството изразило протест и настанот го смета за провокација со цел да се испровоцира инцидент.

„Ова е уште една потврда дека Србија не е подготвена да се соочи со сопственото минато и одговорност за војните во 90-тите години“, се вели во соопштението на хрватското Министерство.

Кадети од Воената академија заминаа за Хрватска во саботата со намера да присуствуваат на богослужба за жртвите во Јасеновац, но беа вратени од преминот Батровци – Бајаково.

Делегацијата беше запрена и претресена.

Хрватскиот премиер Андреј Планковиќ рече дека станува збор за „ненајавено, непријавено и неодговорно пристигнување за престој во областа Јасеновац“, односно провокација.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека полициската станица во Новска била известена многу порано за посетата на делегацијата на српската армија.

Би можело да ве интересира

Меркел – Брнабиќ: Србија и Германија имаат само една точка на недоразбирање, а тоа е Косово

Гојковиќ: ЕП ќе се вклучи во дијалогот меѓу власта и опозицијата за изборните услови

Студентите најавија дека ќе ја радикализираат блокадата на Ректоратот

Ана Ололовска

Стефановиќ негира дека татко му е сопственик на фирма која извезува оружје

Ана Ололовска

Понош: Вучиќ стои зад извозот на српско оружје во Саудиска Арабија, српското Mинистерство за трговија демантира

Студентите повторно не и дозволуваат влез на ректорката на Универзитетот

Ана Ололовска