Средната класа – тајното оружје на Турција

Од:

Вима – Атина

Неодамнешниот неуспешен преврат во Турција ја покажува продолжената безилезност на земјата во однос на силата и намерата на дел од од турските вооружени сили.

Но превратот всушност откри и нешто ново, развиен и исклучително способен квалитет, кој соседите на Турција треба упорно да го бараат, а тоа е стриктно силна средна класа, која ќе сака и да може да биде мобилизирана и активна против екстремистички закани.

Прашањето за Турција сега е дали претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе ја искористи таа предност и ќе ја доразвие таа средна класа. За Блискиот исток, прашањето е како да се изгради една средна класа која ќе може да гарантира стабилност.

Масите граѓани кои се најдоа на улиците на Истанбул таа вечер во обид да ги спречат пучистите, беа знак за колективно дејствување кое би требало да го натера секој политички лидер да се замисли, а посебно оние кои бараат можности да ја развијат сопствената држава.

Повеќето анализи за превратот беа фокусирани на критиките за турската елита и неуспесите на Ердоган, кои сигурно ги има многу. Но малку нешта се кажаа за структурни промени во политичката економија на Турција, кои доведоа до емнаципација на средната класа во земјата, и која е изборниот електорат на Партијата на правдата и развојот на Ердоган.

Во последниве две децении, Турција постигна забележителни економски резултати и се преобрази од чир на Европа во една од нејзините најздрави економии и нов трговски центар на Блискиот исток.

Главните причини за таа метаморфоза се сведуваат на инвестиции во инфраструктурата, помошта за средниот бизнис, ширењето на регионалната трговија и развојот на туристичкиот сектор.

Како резултат на сето тоа, според оценки на Светска банка, приходот по глава на жител во Турција стана тројно повисок за помалку од една деценија. Невработеноста се преполови.

Економијата, демократијата и надворешната политика беа елементите кои им помогнаа економската активност на аграрниот трудов потенцијал на Турција, на малите претприемачи и на ниско платените работници, вадејќи многу луѓе од нивната маргиналзирана ситуација во општеството.

Надворешната политика дури беше и сообразена со економските интереси на новопојавената средна класа (иако вмешувањето во Сирија покажа пресврт во насоката во надворешнополитичкуте приоритети).

За новата средна класа во Турција, неопходно е зацврстување на демократијата. И како што покажаа неодамнешните случувања, преовладува ставот дека земјата ќе се бори за неа.

Вистина, она кое што се случи во Турција не одразува само една битка за власта меѓу Ердоган и неговите противнци, туку и волјата на средната класа да гарантира дека Турција нема да се врати кон еден политички систем кој ќе ја разурне нејзината економска и политичка иднина.

За да ја нема судбината на Отоманската империја. Тоа значи дека реакцијата на Ердоган во однос на обидот за преврат не смее да биде казна само за оној дел од армијата кој беше одговорен за пучот. Тој ќе треба да се фокусира врз засилување на интересите на средната класа која ја заштити владата. Со други зборови, предизвиците пред кои Турција ќе се исправи во следните месеци нема да дојдат од армијата или од странски заговорници, туку од се посилниот притисок за проверка на балансот во општеството преку зацврстување на власта во рацете на претседателот.

Такво нешто би ја ограничило можноста за уништување на опозицијата и би го поткопало системот кој турската средна класа го заштитува. Ако Ердоган се обидува да концентрира кај себе поголема власт, ќе постапи добро ако се потсети на условите кои доведоа до паѓање на Отоманската империја.

Преку прекумерното концентрирање на ресурси на власта во Истанбул, последните султани се повеќе стануваа зависни од високо позиционираните чиновници во администрацијата, и од силните империи во странство.

Една просперитетна и отворена демократија е патот кој Турција треба да го следи градејќи еден таков модел на управување од кој земјите од Блискиот исток денес очајно имаат потреба.

А. Малик е соработник на Центарот за исламски истражувања при Универзитетот Оксфорд.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски