Средба Захариева-Палмер во Софија, РС Македонија една од темите за кои разговарале

Од:

Европската унија мора да покаже поголема ангажираност во земјите од Западен Балкан со цел да ја стимулира нивната евроатлантска интеграција, порачаа бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и Метју Палмер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Палмер, кој денеска во Софија се сретна со Захариева, е во посета на Бугарија која се реализира еден месец по првиот спроведен Стратешки дијалог меѓу Бугарија и САД на 8 јануари во Софија.

– Граѓаните во земјите од Западен Балкан треба да почувствуваат што прави Европа за секој од нив поединечно, рече Захариева. Таа истакна дека бугарската надворешна политика е исклучително фокусирана на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, не само затоа што шесте земји се непосредни соседи на Бугарија, туку и затоа што е важна за просперитетот и безбедноста на целата Европска унија.

Како што јави БГНЕС, Захариева и Палмер изразија разочарување од недостигот на одлука на Европскиот совет за почеток на преговори за членство во Унијата за Република Северна Македонија и Република Албанија. Тие се согласија дека таквата одлука е неопходна, колку што е можно побргу, во рамките на хрватското претседателство на Советот на ЕУ, затоа што е важно за довербата и популарноста кои ЕУ и евроатлантските вредности ги имаат не само во овие две држави, туку и во целиот регион на Западен Балкан.

Во разговорите беше разгледан и напредокот и ја истакнаа неопходноста од реализирање на реформите во земјите од Западен Балкан, вклучително и спроведувањето на политиките за добрососедство.

Палмер го истакна и придонесот на Бугарија и примерот што земјата го даде со склучувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија, јави БГНЕС.

– Со овој договор, вие го поставивте тонот меѓу Скопје и Атина за склучувањето на Договорот од Преспа, истакна специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Двајцата соговорници ја истакнаа и потребата од поголема вклученост на евроатлантските партнери во блокираниот дијалог меѓу Србија и Косово, како и во однос на реформите во Босна и Херцеговина. Во овој контекст, Захариева ја истакна важноста на проектите што Бугарија ги финансира во земјите од Западен Балкан во рамките на официјалната помош за развој, за развој на образованието, здравствената заштита и поддршката на младите во овие земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит