Србија од 20 декември ќе бара негативен ПЦР тест за влез на странските државјани

Од:

Од 20 декември на странските државјани ќе им треба негативен ПЦР тест за влез во Србија, додека на српските граѓани ќе им треба или негативен тест или ќе бидат испратени во десетдневен карантин.

-Донесовме одлука сите рестриктивни мерки што важеа досега да бидат во сила до петок, 18 декември, по што повторно ќе се состанеме и ќе видиме дали ќе воведеме некои дополнителни мерки или ќе ги промениме постојните, изјави министерката за труд, вработување, ветерани и социјални работи и член на Кризниот штаб, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ по седницата на штабот.

Како што истакна таа, досегашните мерки имале ефекти, иако бројките се на многу високи вредности, но сега гледаме пад кај новозаболените лица и процентот на позитивност. Таа ги повтори мерките – забрана за работа на сите објекти од 17 часот, што не важи за објектите за храна, аптеките и пумпите.

-Исто така, донесовме одлука кога станува збор за контролата на патниците во меѓународниот сообраќај дека на сите странски државјани ќе им треба ПЦР-тест, без оглед на земјата од која влегуваат, и ова ќе важи од 20 декември, најверојатно до 10 јануари, сето тоа ќе зависи од моменталната епидемиолошка состојба, кажа таа.

За српските граѓани кои влегуваат во земјата, доколку немаат негативен ПЦР тест, тие ќе бидат обврзани да бидат во домашна изолација 10 дена, што може да се прекине доколку во меѓувреме се направи негативен ПЦР-тест.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он