Србија нема целосно да ја прекине соработката со Хаг

Од:

Српскиот министер за правда и државна управа Никола Селаковиќ денеска изјави дека Србија нема целосно да ја прекине соработката со Хашкиот трибунал, односно дека нема да ја прекине онаа соработка која е за добро на српските државјани кои се наоѓаат таму.

Тој истакна дека ослободителната пресуда за Рамуш Харадинај нема да придонесе „за една добра клима меѓу Албанците и Србите“.

– Не можете да ми кажете дека Харадинај заедно со своите соработници е апсолутно невин, а дека Небојша Павковиќ, Владимир Лазаревиќ, Никола Шајиновиќ и Драгољуб Ојданиќ се виновни, кои се осудени на 22, односно 15 години тешка робија, нагласи српскиот министер.

Според Селаковиќ, оваа пресуда уште еднаш покажала дека „силата е многу поважна од правото“.

Тој додаде дека сега се повеќе се слушаат „гласови“ кои зборуваат дека тоа е суд кој е основан на нелегален начин, истакнувајќи дека поинаква одлука Србија не можела ниту да очекува.

– Злосторниците кои не се Срби се ослободени. Во што повеќе да соработуваме? Екстрадиравме државно, воено и полициско раководство. Се што Хаг бараше ние безусловно го извршувавме. Покажавме дека имаме капацитети да ги процесуираме оние кои беа во Србија, а се обвинети за воени злосторства. Му дадовме пример на целиот регион. И на овој начин ни е вратено, изјави Селаковиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија