Србија ќе бара вето од Русија на резолуцијата за Сребреница

Од:

Советот за безбедност на 7 јули ќе расправа за резолуцијата за Сребреница која ја поднесе Велика Британија, а во која се тврди дека Србите силувале над  десетина илјади деца во БиХ.

Во резолуцијата 35 пати е наведен зборот геноцид.

Прв против резолуцијата се огласи  премиерот на Србија, Александар Вучиќ кој кажа дека ова е најголемата шлаканица од Велика Британија за Србија.

-Нема никакви шанси да се сложиме со скандалозната резолуција на Велика Британија за Сребреница, рече тој.

Дипломатски извори за спрските медиуми сепак тврдат дека резолуцијата нема да се најде на дневен ред за гласање.

-Неизвесно е дали резолуцијата ќе се најде пред Советот за безбедност или пред Генералното собрание. Треба да се им во предвид дека Велика Британија како поранешна држава колонизатор не е ни малку омилена во ОН, тврдат медиумите во Србија, повикувајќи се на извори во Обединетите нации.

Медиумите пренесуваат и извори од Владата во Србија, дека неформално е побарано Русија да стави вето на резолуцијата за Сребреница во Советот за безбедност.

-Министерството за надворешни работи на Србија ќе упати и официјално барање до руското министерство да стават вето на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Во тој допис што ќе биде упатен до Руската Федерација ќе биде образложен ставот на српската страна за противењето на резолуцијата со контатација дека таков документ не придонесува за стабилност во регионот, пренесуваат медиумите извори од владата.

Би можело да ве интересира

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Борел: Додека ја држи Сребреница во своето срце, ЕУ цврсто стои зад БиХ и Западен Балкан

Во Скопје се одбележува 11 Јули-Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница