Повеќе од милион лица веќе се вакцинирани во Србија. Според српските медиуми точната бројка на вакцинирани е 1.002.949 граѓани.
Масовната вакцинација на граѓаните во Србија започна на 19 јануари, а до денес втората доза од вакцината ја примиле 356.010 граѓани.
Според последните податоци на Владата на Србија, земјата е седма во светот според бројот на вакцинирани на милион жители. Пред Србија моментално се Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Бахреин.
Србија е втора според бројот на вакцинирани лица на милион жители во Европа, а само Велика Британија е пред неа.
Граѓаните на Србија досега имаа можност да бираат меѓу три вакцини, а според најавите во текот на неделата би требало да стигнат уште 150.000 дози од четврта вакцина.