Во Србија во последните 24 часа регистрирани се нови 3210 заболени од Ковид-19. Во последното деноноќие починале 15 лица информираат здравствените власти.
До денеска во земјата има вкупно 456 450 потврдени случаи на заразени со коронавирусот. Од почетокот на пандемијата починати се 4 429 пациенти, процентот на смртност е 0,97.
Во Србија прдолжува интензивниот процес на имунизација, досега се вакцинирани 1 423 776 граѓани, а втората доза ја примиле над пола милион луѓе.
Со оглед на трендот на високи бројки новозаразени во Србија викендов на сила се построги мерки за заштита од вирусот. Сите угостителски објекти се затворени во 14 часот. До 14 часот е ограничено и работното време на трговските центри, обложувалниците, фитнес центрите.