Србија и Русија очекуват почеток на заедничко производство вакцини

Од:

Се е подготвено за пристигнување на руските експерти во Србија, очекуваме дека Србија во иднина ќе ја произведува вакцина „Спутник V“ на нејзина територија, изјави министерот без ресор задолжен за иновации Ненад Поповиќ по средбата што ја одржа во Москва со рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.

Средбата меѓу Поповиќ и Мантуров е закажана по итна постапка, веднаш по телефонскиот разговор меѓу претседателот Александар Вучиќ и претседателот Владимир Путин, се наведува во соопштението од кабинетот на министерот.

-Мантуров ја изрази својата целосна посветеност на овој процес и посочи дека Србија е приоритет на Руската Федерација кога станува збор за заедничко производство вакцини, но и продолжување на испораката на вакцини до Србија, изјави Поповиќ.

Тој посочи дека руската делегација ќе биде предводена од претставници на Министерството за индустрија и трговија на Русија и ќе се состои од водечки технолози на познатиот институт Гамалеј, претставници на руските власти одговорни за одобрување вакцини, како и челници на Рускиот фонд за производство и дистрибуција на вакцини.

-Задачата на оваа делегација е да утврди колку брзо и во која мера Србија може да го започне производството на руската вакцина во Торлак.Составот на руската делегација покажува дека Русија е многу заинтересирана да и помогне на Србија да воспостави капацитети за производство на вакцини што е можно поскоро. Член на делегацијата ќе биде и еден од главните технолози што ја развија вакцината „Спутник V“, кој ги обучи сите руски производители како да ја произведуваат оваа вакцина,кажа Поповиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски