Србија и Косово постигнаа договор за правосудството

Од:

Премиерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Иса Мустафа на средбата во Брисел со високиот претставник за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го парафираа меѓусебниот договор за правосудство, јави Танјуг.

Четиричасовната средба, што траела до два часот по полноќ, претставуваше продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше во прекин неколку месеци, поради политичката криза во Косово околу формирањето на новата Влада. На средбата во Брисел присуствуваа и министрите за надворешни работи на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

По средбата Могерини соопшти дека премиерите Вучиќ и Мустафа го финализирале договорот за правосудството, со што, како што рече, е затворено клучното проглавје за примената на Бриселскиот договор.

– Им честитам на премиерите за постигантиот договор, нагласи Могерини, додавајќи дека разговоите биле посветени на цел спектср на теми и на она што треба да се направи во иднина.

Во соопштението од Кабинетот на Могерини објавено по завршувањето на средбата се нагласува дека двете страни „ја потврдиле определбата да поситигнат напредок во нормализација на односите“.

– Тие се договорија да соработуваат во решавањето на регионалните прашања, меѓу кои и акутниот проблем со илегалните мигранти од Косово, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија