Србија бара заем од Кина

Од:

Србија е во групата на земји со многу висок јавен долг, кој до крајот на годината ќе достигне 60 отсто од бруто домашниот производ, изјави во Белград, членот на фискалниот Совет на Србија Владимир Вучковиќ во истиот ден кога Србија побара заем од Кина од 850 милиони евра.

Вучковиќ за време на семинарот за улогата на парламентот во донесувањето на одлуки во финансиското работење и планирање предупреди дека повеќе неможе да се зборува дека Србија има низок јавен долг како пред една година или две.На Српската влада и посочи дека како насока за формулирањето на фискалната политика да се користи старото правило во економијата за ограничување на јавниот долг до 45 отсто од БДП.

Во исто време, белградските медиуми објавија дека министерот за финансии и економија на Србија Млаѓан Динкиќ се сретна со потпретседателот на кинеската Ексим банка во име на Лиу Лианг и во име на српската влада побара долгорочен кредит од 850 милиони евра, кои Србија ќе ги искористи за изградба на автопатишта.

Ако се постигне договор за поволни каматни услови, договорот со банката и изведувачите на работите,ќе биде потпишан до крајот на 2012 година,а работите ќе започнат во 2013.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски