Србија анализа: 945 лажни вести на прва страница во неколку најтиражни весници за една година

Од:

За само една година, четири најтиражни весници во Србија објавиле 945 лажни вести на своите насловни страници.

Дневните весници – „Информер“, „Српски телеграф“, „Ало“ и „Курир“ – објавиле најмалку 945 лажни или неосновани тврдења на нивните насловни страници во 2019 година. Тоа се наведува во анализата на порталот „Разоткривање“ (Raskrikavanje/rs).

Прв е Информер со 317 лажни вести, следуваат „Ало“ – 259, „Српски телеграф“ 227, а „Курир“ 142 лажни вести.

Најмногу лажни вести се против опозицијата и нејзините лидери.

Во исто време, тие медиуми Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин го претставуваат во позитивно светло, се нагласува во анализата на порталот, пренесуваат српски медиуми.

Дежурни непријатели во вестите биле Албанци, косовски водачи и НАТО. Најавите за специјалните војни против Вучиќ, штрајковите против него, лажните тврдења за шпионажа и аферата Крушик, исто така биле доминантни теми во тие таблоиди.

Таблоидите не се двоумеа да објават непроверени или вести чии наводи било невозможно да се проверат, вести без релевантни факти за контекст и вести во кои единствениот извор на тврдења бил – анонимен, нагласуваат од порталот.Новинарите на „Разоткривање“ не земале предвид вести од шоубизнисот и спортот каде според нив бројот на лажни вести најверојатно би бил поголем.

Би можело да ве интересира

СзС: Вучиќ го потврди неуспехот на својата политика кон Косово

Ана Ололовска

Вучиќ: Годинава понуда во врска со Косово која Србија нема да смее да ја прифати

Ана Ололовска

ВИДЕО: Прв дел од руски ПВО систем испорачан во Србија

Ана Ололовска

Партиите на Вучиќ и на Дачиќ на парламентарните избори ќе одат одделно

Ана Ололовска

СНС и СПС со одделни листи на парламентарните избори во Србија

Ана Ололовска

Српското собрание ќе расправа за Договорите од иницијативата „мал Шенген“ меѓу Србија и Северна Македонија

Ана Ололовска