Советот на ЕУ предложи влегување во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација со БиХ

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, денеска на Советот за надворешни работи на Унијата побараа склучување и влегување во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина (ССА), јави дописникот на МИА од Брисел.

Шефовите на дипломатиите се произјаснија и во контекст на заклучоците од 15-ти декември 2014 година и ја поздравија Пишаната обврска на претседателството на Босна и Херцеговина на 29-ти јануари, потпишано од страна на лидерите на политичките партии и последователно поддржано од парламентот на Босна и Херцеговина на 23-ти февруари, за време на посетата на Сараево на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.

– Имајќи ги предвид обврските што се преземени од страна на Босна и Херцеговина, а во согласност со заклучоците од 15-ти декември 2014 година, Советот забележува дека се исполнети потребните услови и се согласува да се продолжи со склучување и влегувањето во сила на Договорот за стабилизација и асоцијација со Босна и Херцеговина – се наведува во заклучокот на Советот на ЕУ, кој в петок ќе биде усвоен на Самитот на Европскиот совет.

Советот го повика раководството на Босна и Херцеговина целосно да ги почитува своите обврски и ветувања, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на адаптација на претстојниот ССА, како и да останат ангажирани со Европската Унија во рамки на обновениот пристап и да го задржат позитивниот моментум, преку развивање на почетна агенда за реформи во консултации со Европската унија.

– Оваа агенда на реформи треба да се развие и имплементира и во консултации со граѓанското општество, треба да вклучува реформи во рамки на критериумите од Копенхаген и да е во согласност со функционални прашања, вклучувајќи го и Механизмот за координација на ЕУ. Значаен напредок во спроведувањето на агендата за реформи, вклучувајќи го и Компактот за раст и работни места, ќе биде потребно за да поднесе барање за членство во ЕУ и истото да се разгледа од страна на Европската унија – се наведува во Декларацијата на Советот на ЕУ за Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина