Сореца: Иднината на Албанија е во ЕУ, тоа се факти, а не зборови

Од:

Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца упати јасна порака дека иднината на Албанија е во Европската унија, потенцирајќи дека тоа не се зборови, туку факти.

Тој оцени дека Албанија ја смета за еден од најдобрите пријатели на ЕУ.

Според него, ова се покажало со подготвеноста и помошта што земјите на ЕУ и ја дадоа на Албанија по катастрофалниот земјотрес од 26 ноември минатата година, прво со операцијата за пребарување и спасување, а потоа и со процесот на обнова.

„Албанија е еден од најважните пријатели за нас. По земјотресот, цела ЕУ бргу се мобилизираше за Албанија. Прво за пребарување и спасување, потоа со итна помош, додека сега со обновата. За ова ЕК веќе инвестира 150 милиони евра. Севкупно, земјите-членки на ЕУ ветија заедно 400 милиони евра“, изјави Сореца.

Посочува дека за да се справи земјата со влијанието на Ковид-19, ЕУ веќе обезбедила 230 милиони евра финансиска помош за Албанија, а повеќе финансии ќе доаѓаат подоцна оваа година, со економски план и инвестиции за регионот.

„Веќе ги покриваме итните здравствени потреби на терен и ќе помогнеме во економското и социјалното закрепнување на земјата. За нас е важно да им помогнеме на нашите пријатели од Западен Балкан, во Албанија, од една едноставна причина: затоа што вашата иднина е со нас, во Европската унија. Овие не се зборови, туку факти“, порачал евроамбасадорот Сореца.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија