Сопругата на Мило Ѓукановиќ под лупа на Антикорупциска: Стајлингот и чини повеќе од пријавената плата

Од:

Црногорската Антикорупциска Агенција отвори постапка против десет функционери бидејќи беше утврдено дека нивниот начин на живот не е во согласност со нивните приходи.

Според црногорскиот весник „Дан“, Агенцијата води управна постапка од каде претседателот на државата Мило Ѓукановиќ ги добил своите скапи часовници, кои според некои проценки вредат повеќе од милион евра. Институцијата на чело со Јелена Перовиќ најави уште една постапка поврзана со семејството Ѓукановиќ – сопругата на претседателот Лидија Ѓукановиќ и нејзиниот скап стајлинг ќе бидат предмет на увид.

Досега во секоја постапка во која е вклучено семејството Ѓукановиќ, Агенцијата за спречување на корупцијата не констатирала прекршување на законот.

Агенцијата накратко информираше во која фаза е започната процедурата поврзана со часовниците на претседателот Мило Ѓукановиќ, како и дали контактирале со компаниите – производители на часовниците што се гледаат на неговата рака, за да се утврди нивната вредност, објави изданието.

„Постапката е во тек, затоа согласно Законот за спречување на корупција не можеме да ви дадеме повеќе информации во оваа фаза. По завршување на постапката, Агенцијата за спречување на корупцијата ќе ја објави одлуката јавно.

Сопругата на претседателот Лидија Ѓукановиќ често се фотографира во облека што ја надминува официјално пријавената плата на неа и на нејзиниот сопруг.

Лидија Ѓукановиќ последен пат е фотографирана на протест пред парламентот, каде според медиумите кои ги анализирале сајтовите за нејзиниот стајлинг и брендирана облека, носела кардиган и џемпер, за кои се вели дека чинат 4.300 евра.

Агенцијата изјави дека ќе ги испита овие наводи за неусогласеност меѓу начинот на живот и пријавените приходи, во согласност со овластувањата пропишани со закон.

Сопругата на Мило Ѓукановиќ минатата година избрала скапа облека за учество на Парискиот мировен форум – се одлучила за фустан на Валентино, кој чини 3.500 евра, пишува и „Дан“.

Првата дама на Црна Гора неодамна облече фустан од брендот „Emilija Wiksted“ кој на некои сајтови достигна цена од околу 3.000 евра. Таа се појави со својот сопруг на кралска гала вечера во Мадрид, организирана од принцот Филип Шести.

Според „Дан“, Лидија Ѓукановиќ е позната и како љубител на скапи чанти, па овој пат се одлучила за „Диор“. Слична чанта во црна боја чини 4.100 евра.

Би можело да ве интересира

Ѓукановиќ се закани со крвна одмазда

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора