Сојузот на турските архитекти го обвини Ердоган за „лов на вештерки“

Од:

Турскиот сојуз на архитекти и инженери, кој беше ангажиран во протестите против уривањето на паркот Гези, денеска ја обвини владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на премиерот Реџеп Тајип Ердоган за „лов на вештерки“, откако беше усвоен Законот со кој се намалуваат овластувањата на Сојузот.

Сојузот на коморите на архитекти и инженери (ТММОБ), каде членуваат 423.000 експерти, ќе го изгуби правото за одобрување на урбанистички проекти, откако АКП во текот на неделата го „протурка“ законот.

– АКП го усвои законот со цел да го ослабне Сојузот. Нема сомнеж дека овој закон е директно поврзан со движењето за зачувување на паркот Гези. Со тоа владејачката партија се обидува да го натера ТММОБ да ја плати цената за тоа што се случи и почна лов на вештерки, за да создаде некаква илегална организација, која лесно може да се обвини за општонационалниот протест, истакна претседателот на ТММОБ, Мехмет Соганци.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски