Со турски пари ќе се гради Големата џамија во Тирана

Од:

Турската Влада ќе ја финансира изградбата на Големата џамија во Тирана, која ќе биде најголем ваков објект на Балканот.

Одлука за тоа донела турската Дирекцијата за верски прашања која е објавена на нејзината официјалната веб страница.

Според образложемнието, турската Влада на овој чекор се одлучила бидејќи во албанскиот главен град Тирана „имало малку џамии, па верниците за големите муслимански празници Рамзан Бајрам и Курбан Бајрам, се молеле на отворено на централниот полоштад“.

Како што јави дописникот на МИА, новата џамија, која ќе се гради спроти алабснкиот Парламентот, ќе има четири минариња и место за извршување на обред за 4.500 верници. Џамијата ќе биде со површина од 2.570 метри квадратни, а изградбата треба да заврши за три години.

Одлука за нејзина изградба во 2011 година ја донесе Претседателството на Албанската исламска заедница, нарекувајќи го решението историско.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он