Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, денеска изјави дека одговорот на младите на вакцинацијата против Ковид-19 е незадоволителен, бидејќи изнесува само 17,2 проценти, и дека мора да се забрза во текот на летото.
– Со толку низок процент на имунизација на младите и со делта-сојот што ќе ја покаже својата сила само за еден месец или два, едвај можеме да чекаме мирна есен и неизбежен е четвртиот бран, што веројатно ќе дојде пред есента, изјави тој за РТС.
Во Србија досега се вакцинирани 2.416.560 возрасни граѓани на Србија, што е 48,4 проценти.
Ѓерлек напомена дека оние кои не се вакцинирани, играат „рулет со опасен вирус“ целосно непотребно, бидејќи имаме „милиони дози на вакцини“.
Во Србија пред неколку дена се регистрирани два случаја на инфицирани до делта-сојот.