Членовите на претседателството на СНС едногласно одлучиле кандидат за претседател на Србија да биде лидерот на партијата и актуелен премиер, Александар Вучиќ.
Седницата на партијата се одржа доцна попладнево, а Вучиќ одбил да даде изјава за медиумите и да ја потврди одлуката.
Претходно се одржала средба помеѓу премиерот и сегашниот претседател Томислав Николиќ на кого му порачал дека досега го поддржувал, но поради неговите резултати и истражувањето на јавното мислење е “ризик Србија да изгуби се“.
-Вучиќ на Николиќ му порачал дека е подготвен да ја продолжи соработката со него, но во поинаков облик, пренесуваат српските медиуми.