Снегот и дождот предизвикаа проблеми в регионот

Од:

Снегот и дождот што со денови паѓаат во регионот предизвикаа проблеми во сообраќајот, а од големите количества вода загрозени се одделни објекти.

Водостоите на реките Плива и Јошавка се во пораст. Во текот на ноќта дојде до поплавување и на еден дел од викедн населбата Јања во Бјелина.

Забележен е драматичен раст на нивото на реката Сава на подрачјето на општина Градишка, но се уште не е достигната точката за редовна одбрана од поплави.

Директорот на Републичката управа за Цивилна заштита, Милимир Додер, изјави дека во останатите делови на РС состојбата е малку подобра во однос на вчерашната. Иако водостоите се во пораст,засега не се заканува излевање на реките од свооите корита.

Невремето што во Црна Гора предизвика поплави во Подгорица, Даниловград и Никшиќ, утринава е стабилизирано.

Во Даниловград во текот на ноќта водата навлегла во неколку куќи. Видоје Павичевиќ од штабот за елементарни непогоди во Даниловград за радиото „Антена М„ изјави дека од синоќа во 22 часот мирува нивото на реките, но дека водата навлегла во неколку куќи.

-Жителите се навремено евакуирани. Водата од чешмите е малку заматена и граѓаните се информирани дека мора задолжително да ја провријат.

Врз основа на моменталните податоци за водостоите, се забележува дека водостоите во реките Морача и Зета се во опаѓање, додека водостојот на Скадарското езеро, како и реката Бојана, е во пораст и е во домен на големите водостои, рече за порталот Аналитико, Новак Дармановиќ, од службата за мерење на Хидрометеоролошкиот завод на Црна Гора.

Од Хидрометеоролошкиот завод наведуваат дека веќе поминаа најинтензивните врнежи и дека треба да се очекува нивно слабеење, што поволно ќе влијае на ниовото на водостои на реките кои заради интензивните врнежи минатата недела брзо нараснаа.

Заради лошите временски прилики забранет е сообраќајот за сите категории возила на патот Рожаје-Кула, соопшти Авто-мото сојузот на Црна Гора. На останатите патишта има одрони.

Циклонот што со денови дуваше во Далмација и донесе топло и многу врнежливо време, а од средата веќе прерасна во бура и предизвика драматичен пад на температурата.

На планините почна да врне и снег, а изминатата ноќ снег имаше и на море.

Во БиХ се очекува снегот денеска да престане да врне. Минималните температури се од минус 10 до нула, а максималната од минус шест на планините до шест степени на јуфгот на земјата.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско