Снег и силен ветер го отежнуваат сообраќајот во Хрватска, БиХ, Словенија и Унгарија

Од:

Снегот и силниот ветер во земјите на регионот на Балканот го отежнуваат сообраќајот по патиштата, а на возачите им се препорачува внимателно возење.

Зимски услови се прогласени на многу патишта долж хрватското крајбрежје, во Горски Котар, Лика, Задар и централниот и северозападниот дел на земјата, а на одредни патишта стапи во сила забраната за товарни возила.

Хрватските медиуми јавија дека во прекин се траектните линии Лопар-Валбиска и Брестова-Порозина, како и од Сплит кон Брач, Хвар, Корчула, Ластово, Вис и Ријека-Раб-Новаља.

Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, денеска на копненото подрачје повремено ќе паѓа снег, најмногу во Славонија и во северозападното подрачје.

Во северниот дел на Јадранот се прогнозираат слаби врнежи од снег, проследени со бура, а во Далмација врнежи од дожд.

И во поголемиот дел од Босна и Херцеговина изутрината е отежнат сообраќајот, поради снегот.

Предупредување е издадено особено за делниците во повисоките планински предели, каде на патиштата има снежна покривка од два до пет сантиметри. На тие патишта за товарните возила со приколка и за шлеперите задолжиелна е употребата на ланци.

Во Словенија во текот на денот се прогнозира прекин на врнежите од снег, како и ослабнување на ветерот. Дневните температури нема да ја надминат нулата.

Повеќе од 700 странски камиони се запрени во југозападниот регон Зала во Унгарија, поради сообраќајните рестрикции, воведени поради екстремните временски услови.

Автопатите М6 и М7 моментално се затворени за камиони, со тежина над 7,5 тони.

Портпаролот на Националната агенција за управување со вонредни состојви Силард Банго изјави дека околу 600 камиони чекаат на паркинг во областа Ленти Редич, а дека околу 100 камиони се наоѓаат во близина на Летење, долж автопатот М7.

Вработените во оваа агенција и хуманитарните организации им доставуваат храна и топли пијалоци на возачите од Словачка, Полска, Литванија, Чешка и Романија, од кои повеќето уште вчера мораа да го прекинат патувањето.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско