Смртни закани за кипарскиот претседател и гувернерот на Централната банка

Од:

Претседателот на Кипар Никос Анастасијадес и гувернерот на Централната банка Паникос Димитријадес добија смртни закани по одлуката да го спроведат наметнатото оданочување на депозитите, поголеми од сто илјади евра во двете најголеми кипарски банки.

Весникот „Политис“ добил леток со закани, која го потпишала т.н. Група за спас на депозитите, која се заколна дека за тоа ќе се залага до смрт.

Во летокот, кој го испратиле непознати лица, се бара „итно спречување на кратењето на депозитите“ и се изразуваат јасни закани на адреса на претседателот и гувернерот, но и до членовите на нивните семејства.

– Ве предупредуваме дека не блефираме. Ќе почнеме со вашите внуци, потоа ќе преминеме на вашите деца, а за крај ќе ве оставиме вас, за да ве боли, толку колку што не боли нас, се наведува во заканата.

Анонимните претставници на таа група наведуваат дека „не припаѓаат на ниту една партија, ниту организација“, но се колнат дека Анастасијадес и Димитријадес ќе умрат.

Весникот „Политис“ наведува дека од летокот, кој и е предаден на полицијата, јасно се гледа дека неговите автори „се подготвени на злосторство и дека дури имаат луѓе за негово извршување“.

– Имаат дури и можност да дознаат каде се наоѓаат членовите на нивните семејства во секој момент, пишува кипарскиот весник.

Групата нагласи дека има „професионалци, чии услуги добро се плаќаат, кои не се плашат од ништо и кои ги интересираат само пари“.

– Нашата група е активна на цел Кипар и ќе ги казнува оние кои не доведоа до сегашната состојба, се наведува во летокот.

Според „Политис“ ова не е прв пат Димитријадес да добие закани и неговата сопруга минатата недела „ги зела децата од училиштето во кое одат и заминала со нив во странство“.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар