Случајот„Дивјак“ ја крена на нозе албанската политика

Од:

Обидот да се прошверцуваат 460 килограми марихуана со италијански авион или како што медиумите го нарекуваат случај „Дивјак“, ја разбранува албанската политичка сцена.

Уште доцна синоќа шефот на државата Бујар Нишани на итна средба го повика државниот обвинител Адриатик Лала од кого побарал максимална ангажираноста на Обвинителството за тешки кривични дела во расветлувањето на, како што го оценил, настанот без преседан. Истрагата, нагласи Нишани, треба да биде сеопфатна, со висока професионалност, транспаретност и доверба, јави дописникот на МИА од Тирана.

Опозициската Демократска партија оценува дека случајот „Дивјак“, ја вознемирил и меѓународната заедница и на виделина ја извадила вистината за шверцот со дрога.

– Владата на Еди Рама падна од морален аспект. Оваа драматична ситуација бара итен одговор. Дали бил мал или голем авион, сега албанските граѓани знаат дека авионот имал дефект, а не бил фатен од властите. Тоа го потврдува она што опозицијата го кажува одамна, дека дрога се шверцува и со авиони на албанската армија, изјави лидерот на ДП, Љуљзим Баша, по средбата со пратеничката група на партијата.

Опозицијата побара оставка на министерот за внатрешни работи Саимир Тахири.

Премиерот Еди Рама преку социјалната мрежа Фејсбук ги отфрли обвинувањата на опозициските демократи, наведувајќи дека меѓународните претставници ја пофалиле владата за нејизната одлучност во борбата против шверцот со дрога. Акцијата во Дивјак, според него е силна, последователна потврда дека полицијата се вратила на нејзината задача.

На плажата на приморскиот град Дивјак, на осумдесеттина километри југозападно од Тирана, албанската полиција синоќа пронајде авионот од типот „Пајпер“ со оштетен пропелер и искината гума. Уапсен е италијанскиот државјанин, Џорџо Риформато, кој управувал со авионот, во кој требало да бидат натоварени 460 килограми марихуана кои полицијата ги пронашла во возило „Мицибуши“ сопственост на Саимир Бајрами(35), кое било блуску до авионот.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент