Словенија и Италија почнаа заеднички гранични контроли

Од:

Словенечката и италијанската полиција денеска ќе патролираат долж границата со цел да спречат илегална миграција.

Таа мерка е дел од договорот потпишан од две земји, кој се очекува да се спроведе до 30 септември.

Според словенечката полиција, планирани се четири заеднички патроли неделно, три на словенечката страна на границата и една на италијанската.

Тие ќе бидат поставени на места каде најчесто се случуваат незаконски гранични премини, а во нив ќе бидат ангажирани полициски единици од Копар и Нова Горица.

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, во четвртокот рече дека ако заедничките патроли не ја спречат илегалната миграција, Италија ќе постави физички бариери на границата со Словенија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим