Словенија го поддржува проширувањето на ЕУ и по влезот на Хрватска

Од:

Словенија ќе го поддржи процесот на проширување на ЕУ и по влезот на Хрватска во нејзино членство, соопшти денеска хрватската Влада денешната, најверојатно последна седница во сегашниот состав.

– ЕУ по најголемата криза во својата историја во моментот првенствено се фокусира на економските прашања, на своето уредување и идно дејствување, но Словенија и натаму „јасно и активно“ ќе биде заговорник на политиката на проширувањето и откако ЕУ ќе ја прими Хрватска за своја 28-ма членка, се наведува во соопштението на словенечката Влада.

Владата го објави соопштението одговарајќи на тој начин на пратеничко прашање за тоа што мисли Кабинетот за изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за „подолга пауза во проширувањето на ЕУ“, откако во европското семејство ќе се зачлени Хрватска.

Иако на седницата учествуваа сите министри во Кабинетот на премиерот Јанез Јанша, словенечките медиуми наведуваат дека тоа би можела да биде една од нејзините последни седници во сегашниот состав.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Експлозија го потресе Загреб

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност