Словенечки пратеници: Проширувањето на ЕУ е долгорочен, но важен процес

Од:

Словенечките пратеници Франц Богович, Тања Фајон и Клемен Грошељ истакнаа дека проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан е долгорочен, но многу важен процес за двете страни.

Во онлајн дебата организирана од Канцеларијата за врски на Европскиот парламент, тие оценија дека овонеделниот самит ЕУ-Западен Балкан претставува можност да се потврди посветеноста за проширување.

Тие се согласија дека ЕУ е должна да им понуди позитивни промени на граѓаните од Западен Балкан, што треба да ги почувствуваат уште пред да влезат во ЕУ, јави СТА.

Тие предупредија дека проширувањето кон Западен Балкан е многу долг процес и дека луѓето во тој процес не смеат да ја изгубат желбата да се приклучат на Унијата.

Според нив, ЕУ треба да ја подобри директната комуникација со граѓаните од Западен Балкан, а вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ, кога ќе ги исполни критериумите за пристапување, е во интерес на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7