Следните чекори на Ципрас

Од:

Откако постигна договор на европскиот самит во Брисел, грчкиот премиер Алексис Ципрас во наредните денови ќе треба да преземе повеќе иницијативи со цел да го обезбеди заемот од 85 милијарди евра.

Ципрас веќе го контактирал грчкиот претседател Прокопис Павлопулос за да му ја објасни ситуацијата и промените кои ќе треба да се имплементираат. Се очекува претседателот да свика состанок на политичките лидерите веднаш откако Ципрас ќе се врати од Брисел. Според договорот, до среда во грчкиот Парламент треба да поминат повеќе закони. Експертите сметаат дека ова може да се покаже проблематично, со оглед на тоа што повеќе пратеници од владејачката коалиција отворено се против мерките кои беа изгласани во Парламентот во петокот.

Се смета дека претседателката на Парламентот Зои Константопулу може да ги загрози процедурите во врска со критичните закони кои мора да поминат во Парламентот. Таа веќе соопшти дека нема да поднесе оставка. Во ваков случај, се разгледува опцијата за гласање за нејзина недоверба од 151 пратеник, со цел да се отстрани од функцијата.

За сето ова ќе треба поддршка од опозициските партии, кои најверојатно ќе сакаат да имаат збор во назначувањето важни инистри, ако дојде до реконструкција на Владата. Во услови кога нема вистинка желба кај партиите да учествуваат во влада на национално единство, тие можат да извршат притисок со цел да се назначат технократи, пишува весникот „То Вима“.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов