Скандал во Кипар: Kомпанија поврзана со претседателот префрлила 21 милиони евра во Лондон

Од:

Компанијата, која е во сопственост на роднини на кипарскиот претседател Никос Анастасиадес, префрлила 21 милиони евра, од втората по големина кипарска банка Лаики, во Лондон, неколку дена пред избивањето на кризата во Кипар, која на крај, по налог на Тројката, ќе ги чини многу поединците и компаниите со големи депозити и до, според најновите информации, 60% од парите на сметките.

Некои кипарски медиуми велат дека претседателот очигледно морал однапред да знае што ќе се случи и на време ја предупредил блиската компанија да ги префрли парите надвор од земјата.

Во текот на два дена, на 12 и 13 Март, компанијата “A.Loutsios & Sons”, која е во косопственост на Луциос Џон, сопруг на ќерката на претседателот, Елса, извадила околу 21 милиони евра од банката Лаики. Парите, според пишувањето на кипарскиот весник Харавги, биле префрлен во Лондон. Префрлувањето на милионите евра се случило само три дена пред на состанокот на ЕУ министрите за финансии, да се одлучи кипарскиот банкарски систем да се спасува со заем од 10 милијарди евра. Според договорот со тројката, Банката Лаики се гасне, а значителен дел од парите на штедачите – оние со износ над 100.000 евра на сметките – ќе биде одземен во еднократна давачка.

Компанијата блиска со претседателот на државата ги отфрла овие информации. Сепак, текстот во кипарскиот весник тврди поинаку и наведува дека претседателот директно им помагал на членовите на семејството. Во весникот, исто така се наведува дека министерот за финансии, Михалис Сарис, јавно признал дека членовите на Владата однапред знаеле дека Еврогрупата планира да побара данок на сите банкарски сметки од преку 100.000 евра.

Како што се очекуваше, народот е длабоко огорчен од овие вести, но тие воопшто не изненадуваат – кипарската влада покажа дека таа е само уште една во серијата на подобни елити, покрај задачата слепо да ги следи наредбите на меѓународните кредитори, секогаш гледа на своите лични интереси, додека “грижата за народот “се наоѓа многу пониску на листата на приоритети.

Портпаролот на опозициската партија АКЕЛ, Ставрос Евагору, повика на спроведување истрага за точно да се утврдат деталите на овие информации. Поточно, покрај веста дека претседателот директно и помагал на компанијата во која работат членови на неговото семејство, се појавија информации дека ова не е единствен случај, туку дека има повеќе вакви трансфери направени непосредно пред замрзнувањето на банкарските сметки.

Претседателот Анастадиадес се брани со изјавата дека со ова се настојува да се “напакости на неговото семејство.”

“Ова е само обид да се одвлече вниманието од одговорноста на оние кои земјата ја доведоа до состојба на банкрот”, рече Анастадиадес и изјави дека ја поддржува истрагата и дека одговорните мора да се казнат, па и тој – ако се утврди дека информациите се точни.

Информациите велат дека имало повеќе случаи на повлекување на пари од државата. Парите на најбогатите веројатно се чуваат на сигурно, додека најголеми губитници на оваа “кипарска трагедија”, како и сите други трагедии кои ја измачуваат Европа, се жителите на Кипар.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар