Сирија урна турски авион

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави дека денеска Дамаск се извини поради инцидентот со турскиот борбен авион, што укажува на тоа дека Сирија го соборила леталото.

„Сирија веднаш понуди извинување поради инцидентот и ја призна грешката“, рече Ердоган.

„Во овој момент турските воздухопловни сили спроведуваат потрага и се во спасувачка акција. За среќа, нашите пилоти се живи, изгубивме само авион“, изјави Ердоган.

Турција претходно соопшти дека изгубила контакт со еден ос своите воени авиони додека летал над територијата на југоисток од земјата, а турските телевизиски станици јавија дека се урнал над Сиријските територијални води.

Во авионот F-4 во моментот на неговиот пад имало два пилоти, јави турската агенција Анадолија, кои подоцна беа пронајдени живи и здрави во меѓународните води.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски