Силно невреме синоќа го опустоши Ровињ, поплавени улици, дрвја паднати врз автомобили

Од:

Синоќа подрачјето на Ровињ, Хрватска го зафати силно невреме. Силниот ветер корнеше дрвја, а обилните врнежи ги поплавија улиците.

Дрвја паднаа врз автомобили, а покрај улиците, поплавени се и некои подруми.

Државниот противпожарен оперативен центар извести дека на 26 март во доцните вечерни часови подрачјето на градот Ровињ и Пореч било зафатено од невреме пропратено со ветер што предизвикало дрвја да паднат на патиштата.

„Во периодот од 23:00 часот преку апликацијата UVI бележиме вкупно 33 технички интервенции за отстранување на дрвја во кои учествувале вкупно 74 пожарникари со 36 противпожарни возила. Од наведениот број интервенции мал дел се однесува на интервенциите извршени во Пореч од страна на ЈВП Пореч (пет технички интервенции), а останатите ги изврши ЈВП Ровињ на своето подрачје“, пренесува Државниот противпожарен оперативен центар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Изгоре и потона катамаран во водите кај Сплит

Ана Ололовска

Уапсен 63-годишен маж за детска порнографија: Странец снимаше голи деца со својот телефон

ВИДЕО: Спасена Хрватка која со часови, повредена висеше на карпа на Вележ

Катерина Павлова-Николовска

Полицијата реши обид за убиство после 25 години: Жена нарача убиство на маж

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се преврте трактор со приколка кој превезуваше 16 матуранти, дел од нив завршија во болница

Горан Наумовски

Голема полициска акција во цела Европа, апсења во Хрватска и во БиХ