А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Регион

Сијарто: Унгарскиот МОЛ ќе ги зголеми испораките за Србија по санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

by А1он10/10/2025 - 13:37350
Share0

Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми испораките за Србија откако ќе стапат во сила санкциите на САД врз српската нафтена индустрија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Добивај вести на вибер

„Бидејќи МОЛ игра важна улога во снабдувањето на Србија со сурова нафта и гориво, нашите српски пријатели можат да се потпрат на зголемени испораки од МОЛ“, рече Сијарто во објава на Фејсбук.

Според него, ова зголемување нема да може целосно да го замени недостатокот на испораки од Хрватска.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во четврток изјави дека е реална проценка дека рафинеријата може да работи без дополнителни приливи на нафта до 1 ноември, додавајќи дека кога станува збор за гориво, нема да има проблеми до Нова Година.

За време на своето обраќање до граѓаните во врска со воведувањето на санкциите на САД врз НИС, Вучиќ рече дека овој период може да се продолжи за пет или седум дена, но дека тешко дека ќе биде подолг од тоа.

naftasijartosrbija

Би можело да ве интересира

Сијарто: Прислушувањето на мојот телефон е скандалозно мешање во изборите

Горан Наумовски24/03/2026 - 06:46

Пленковиќ: Пристигнува најголемата енергетска криза во поново време

Предраг Петровиќ21/03/2026 - 15:57

Техеран го демантира Вашингтон: Прават „психолошки трик“, немаме залихи на нафта во меѓународни води

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 11:22

ВИДЕО: Ирак прогласи виша сила на странски нафтени полиња поради блокадата во Ормутскиот тесенец

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 08:26

ВИДЕО: САД ги укинуваат санкциите за иранската нафта што моментално е во транзит

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 08:1321/03/2026 - 08:13

Голем скок на цената на гасот во Европа, раст и на нафтата

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 10:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен