Сијарто ги обвини Брисел и американската левица дека сакаат да го соборат Вучиќ

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Брисел, со помош на опозициските сили во Америка, се обидува да ги замени властите во Србија, Словачка и Унгарија.

„Координативниот центар на овие обиди за соборување на владата е во Брисел, а неуспешната американска левица, американските демократи, исто така учествуваат во оваа операција. Јастребите на бриселската елита во Централна Европа ги таргетираат српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо“, рече Сијарто.

Тој нагласи дека овие функционери ги претставуваат националните интереси на сопствената земја, дури и против Брисел, и јасно стави до знаење дека не се подготвени да ги вклучат своите земји во бесмислена војна со која немаат никаква врска.

„Тие отворено се залагаат за патриотска политика. На сите им е јасно дека сите тројца се соочуваат со отворени обиди да ја заменат својата влада диктирана однадвор. Овие обиди се во тек“, истакна Сијарто.

Зборувајќи за Србија, тој изјави дека постои отворена интервенција однадвор чија цел е да се собори претседателот Вучиќ и да се отстрани од јавниот и политичкиот живот.

„Не знам зошто во денешна Западна Европа, владите, сериозните политичари и избраните лидери сметаат дека е важно да посветат дел од своето време и значаен дел од својата енергија на проценка на процесите што се случуваат во други земји. Секој, пред сè, треба да се справи со своите проблеми, да се фокусира на својот двор“, рече шефот на унгарската дипломатија.

Тој потсети дека во Србија се водат антивладини протести, кои започнаа по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, и дека Вучиќ ги обвини западните сили дека се обидуваат да ги искористат протестите за обоена револуција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Во Србија најпопуларен светски лидер е Владимир Путин

А1он

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски

Илјадници луѓе на улиците на Лос Анџелес; Протестот против ICE ескалираше во судири