Шведска: Клучот за влез во ЕУ е во рацете на земјите од Западен Балкан

Од:

Зачленувањето на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на самата Унија, но достигнувањето на таа цел е во рацете на балканските држави, смета Министерството за надворешни работи на Шведска.

Стокхолм смета дека вредностите како демократијата, владеењето на правото и човековите права треба да имаат поголемо значење во процесот. Перспективата на приклучување кон Унијата, која се базира на исполнување на условите, е клучен двигател на демократијата, напредокот и стабилноста на земјите од Западен Балкан. Новата Стратегија ја нагласува оваа перспектива и внесува нов момент во процесот на проширување, наведува Министерството.

Притоа се додава дека Шведска ќе продолжи да го поддржува процесот на проширување на ЕУ и политички и економски.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки