Штрајк на учителите во Турција

Од:

Наставници од Турција, членови на синдикати организираа денеска еднодневен штрајк против политиката на Владата во сферата на образованието и назначувањето директори, јавија турски медиуми.

Во Синоп, северна Турција, полицијата употреби солзавец во момент кога демонстрантите сакаа да прочитаат порака до Градското собрание. Една жена притоа е повредена додека голем број наставници побарале лекарска помош откако биле фрлени солзавци врз нив.

Тие бараа да се стави крај на „политичките мерки во образовниот систем и на задолжителната ротација на наставници и директори“.

Мехмет Емин Каршаноглу одговорен претставник од еден од двата синдиката изјави дека трева да бидат укинати сите пречки пред „демократското, научно и секуларно образование на мајчин јазик и на сите образовни степени да постои образование не според религиозни туку според научни правила“.

Откако во 2002 година на власт дојде Партијата за правда и развој во Турција има „бум“ на средни религиозни училишта. Според анализи, бројот на такви училишта е зголемен за 73 отсто во изминатите пет години и денес во државата има 936 такви училишта.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица