Штитеник: Не тепаа до изнемоштеност

Од:

Поранешен штитеник на Црна рака, за српски „24 Часа“ вели дека не го видел свештеникот Бранислав Перановиќ како ги тепа зависниците, но дека тоа редовно го правеле поранешни штитеници.

Според соговорник на „24 Часа“, кој побарал да остане анонимен, поранешните штитеници на манастирот ги тепале непослушните зависници се додека тие не се онесвестеле и престанувале да врискаат и лелекаат.

Ни ден денес не можам да заборавам на страшните крици кои ги слушав во Црна река, додава тој зависник од наркотици, кој по лечењето во еден метадонски центар, веќе цела година успешно апстинира.

Тој вели дека во рехабилитацискиот центар Црна река, со кој тогаш управувал Перановиќ, го пратила неговата мајка пред четири години и која за тоа позајмила многу пари.

Не сум доживеал некој така да ме удри, но секојдневно присуствував на насилство и се прашував кога ќе дојде ред на мене. Еден човек толку го удираа со тупаници во стомакот и главата, јас помислив дека нема да преживее. Побегнав по две недели, вели тој во телефонски разговор за „24 Часа“.

Веднаш откако дошол во Црна река, бил запишан во распоред на обврски кој подразбирал чистење на собите, перење на алишта, готвење, работа во природа, чистење, раскренување. Како што вели тој, секој кој одбивал да ги сработи задачите од распоредот, кој ќе се пожалел дека нема сили или е бавен во работата, бил сурово казнуван.

За тие две недели никогаш не видов некој свештеник да дигне рака на зависниците. Тоа го правеа исклучиво само поранешни штитеници зависници кои тука порано се лечеле, па останале да работат. Не ги видов да користат лопати или нешто друго. Непослушните зависници ги казнуваа со тупаници, шлаканици и клоци по целото тело. Беа неверојатно ладнокрвни. Тоа најмногу ме исплаши, вели соговорникот за 24 Часа.

Од центарот побегнав по две недели, а кога пред два дена слушнав дека Перановиќ убил штитеник, останав во шок.

За време на кусиот престој во Црна река, никогаш не го видов Перановиќ да дигне рака на некого. Не смеам ни да помислам низ какви маки поминал убиениот зависник. Постојано мислам дека тоа можев да бидам јас, вели тој.

Управникот на центарот за лечење на болести од зависности Сретење, протојерејот Бранислав Перановиќ (54), порано еден од клучните луѓе во Црна река, е осомничен за убиство. Во понеделникот вечерта тој со шипка го удрил по глава штитеникот Небојша Зарупац (39) и го усмртил на лице место, поради што е лишен од слобода. Шабачкиот епископ Лаврентије на Перановиќ му го забрани свештенството до завршување на кривичната постапка поради основано сомневање дека извршил убиство.

Да потсетиме, протојерејот Бранислав Перановиќ, порано прв човек на Црна река, а до неодамна директор на центарот за лечење на болести од зависности Сретење, е осомничен за убиство. Во понеделникот вечерта тој со шипка го удрил по глава штитеникот Небојша Зарупац (39) и го усмртил на лице место, поради што е лишен од слобода. Перановиќ се наоѓа во притвор, а на сослушување кај истражниот судија изјавил дека не се чувствува виновен за кривичното дело за кое се товари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски