Spiegel: Отпор кон приемот на Хрватска во ЕУ

Од:

Во германскиот парламент расте отпорот кон забрзаниот прием на Хрватска како полноправна членка на Европската Унија, пишува неделникот „Spiegel“.

Влегувањето на Хрватска во ЕУ, планирано за 1. јули 2013-та година, е можно само во случај следниот извештајод ЕК за напредокот на земјата, да е позитивен.

Според зборовите на Михаел Рот, кој е во опозициската Социјалдемократска партија на Германија, задолжен за европските прашања, „Германија мора, кога е Хрватска во прашање, да даде застрашувачки пример на другите“.

Тој нагласи дека Хрватска мора да ги отстрани забелешките кои ги наведе Европската комисија, како што се предолгите судски процеси, затоа што во спротивно Бундестагот нема да го ратификува пристапниот договор.

И претседателот на Бундестагот, Норберт Ламерт, кој во интервју за дневникот „Welt am Sonntag“ пред две недели рече дека Хрватска се уште не е подготвена за влез во ЕУ, повторно изрази сомнеж по тоа прашање.

„Примерот со Бугарија и Романија покажува дека во пракса се неостварливи очекувањата дека проблемите полесно ќе се решат откако ќе се влезе во ЕУ. Ние не смееме да ја повториме грешката“, рече Ламерт за „Spiegel“ и повтори дека на ЕУ сега и е потребна фаза за консолидирање.

„Мислам дека мораме да размислиме за тоа да воведеме годишен извештај за внатрешната состојба на Европската Унија. Тоа би им ги отворило очите на некои за нерешените проблеми кои со години ги влечеме со себе“, вели Ламерт.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ