Шмит поништи закон, а Додик му порача: Купи карта за Германија во еден правец, одморот заврши

Од:

Високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит ги искористи бонските овластувања и го поништи Законот за недвижен имот на Република Српска.

Оваа одлука Шмит ја соопшти денеска на прес-конференција пред зградата на ОХР.

Народното собрание на Република Српска го усвои законот на 10 февруари, а претседателката на РС Жељка Цвијановиќ на 7 април објави указ за прогласување на Законот за недвижен имот што се користи за функционирање на јавните власти.

Законот требаше да стапи на сила во четврток на 14 април.

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека имотот на Република Српска е сопственост на Република Српска и тука не помагаат ниту Бон ниту некакви овластувања.

„Најдобрите синови на Република Српска не умреа за неизбраниот Германец Кристијан Шмит да го крчми она за што го дадоа највредното“, рече Додик на прашањето да го коментира тврдењето на германскиот дипломат Кристијан Шмит за суспендирање на Законот за недвижности на Република Српска.

Додик потсети дека прашањето за имотот е решено во 1995 година во Дејтон, а „само неизбран и непотврден странец, како Кристијан Шмит, може да се занимава со прашања кои се веќе решени во Уставот на БиХ“.

Тој оцени дека потегот на Кристијан Шмит е кич и шунд на политиката што му ја наметнаа оние кои противуставно го актуелизираа имотното прашање.

„Ги повикувам партнерите во ФБиХ да го почитуваат Уставот на БиХ и Дејтонскиот мировен договор и му препорачувам на господинот Шмит да купи билет за Германија во еден правец. Неговиот одмор истече денеска“, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

Додик: Моќни луѓе од Русија, Србија и Унгарија ми понудија да избегам од БиХ

А1он

Додик: Република Српска се залага за мир, но нема да дозволи конфискација на имотот и јурисдикција

А1он

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска