Шестоодделенец од Србија мавтајќи со пиштол дошол на училишен час

Од:

Ученик од шесто одделение во oсновното училиште „Владислав Петковиќ“ во Велики Мокри Луг во Србија вчера во училишната зграда влегол мавтајќи со пиштол, а полицијата го бркала од училница до училница, додека децата и наставниците биле во шок.

Српските медиуми пренесуваат дека ова не е првпат Л.Ш. (12) да дојде вооружен во училиштето. Инцидентот се случил околу 19:30 часот во училишната зграда додека децата влегувале во објектот.

„Откако влезе, момчето извади пиштол од облеката и почна да вика и да мавта со оружјето. Децата кои веќе биле во училницата се преплашиле. Неколку наставници веднаш излегле надвор и ги спречиле другите ученици да влезат, а едниот од нив повикал полиција“, сведочи за српските медиуми еден од родителите на децата.

Полициска патрола веднаш дошла во училиштето.

„Тогаш почна вистинска драма затоа што момчето почна да трча низ училиштето, а полицијата го бркаше како на филм. По 10 минути го совладаа и му го зедоа пиштолот. Целата драма заврши за половина час“, сведочи родителот.

По повод инцидентот во училиштето е свикан итен состанок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски