Шест претседателски кандидати на изборите во Кипар

Од:

Шест претенденти за претседателската функција на Кипар ќе влезат во изборната трка, која ќе се одржи на 17 февруари на островот.

Согласно законот, кандидатурите за избор на шеф на државата треба да бидат поднесени најдоцна до 18 јануари.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 17 февруари, а доколку тогаш не биде избран претедател, предвиден е втор круг една недела подоцна, на 24 февруари.

Досега шест претенденти имаат намера да се кандидираат, но вистинскиот натпревар ќе се води само меѓу тројца од нив – лидерот на ДИСИ Никос Анастасиадис, кој има најголеми шанси за победа и ја има поддршката од Демократската партика ДИКО, потоа Ставрос Малас зад кого стои левата АКЕЛ и Јоргос Лиликас, кој е поддржан од партијата на социјалдемократите ЕДЕК.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар