Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана во посета на Пустец

Од:

Шефот на мисијата на Советот на Европа во Тирана, Клаус Неукирч денеска престојуваше во посета на општина Пустец, Мала Преспа.

На средбата со градоначалникот Едмонд Темелко, подетално бил запознат со положбата на Македонците во Албанија, со Предлог-законот за малцинствата, кој треба да биде изгласан во септември од новиот состав на албанскиот Парламент, како и за парламентарни избори, што во Албанија ќе се одржат на 18 јуни.

Темелко го информирал дека македонската партија МАЕИ, чиј лидер е тој, на овие избор настапува во коалиција со Движењето за социјалистичка интеграција.

На средбата присуствувале и претседателката на Советот на општина Пустец, Ирена Василовски, советници, како и Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ и единствен кандидат за пратеник од македонската партија.

Високиот гостин ја посетил и пештерската црква на островот Мал Град.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици