Шефот на кипарската дипломатија демантира дека ќе биде формирана руска воено-морска база на островот

Од:

Кипарската министерка за надворешни работи Ерато Козаку-Маркули ја демантираше информацијата за создавање руска воено-морска база на островот.

Таа се наоѓа во еднодневна посета на Москва, каде има средба со рускиот колега Сергеј Лавров.

Освен тоа, Козаку-Маркули за време на посетата истакна и дека Никозија не прифаќа странска интервенција во Сирија.

„Тоа ќе предизвика тензична ситуација, која ќе има драматични последици за целиот регион, кои нема да можат да се контролираат“, додаде шефицата на кипарската дипломатија.

Лавров, пак, од своја страна по средбата истакна дека било разговарано и за визната либерализација меѓу Русија и ЕУ, што е од голема важност и приоритет на земјата.

„Доколку процедурата за укинување на визите се забави тогаш Москва сака да договори дополнителни мерки за олеснување на визниот режим“, објасни рускиот министер.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов