Шефот на Дирекцијата за религиозни прашања во Турција со остра осуда за нападот врз Шарли ебдо

Од:

Шефот на Дирекцијата за религиозни прашања во Турција, Мехмет Ѓурмез остро го осуди нападот врз францускиот сатиричен весник Шарли ебдо во Париз, во кој беа убиени 12 луѓе.

– Упатувам длабоко сочувство. Силно го осудувам нападот и ја споделувам болката на францускиот народ. Како муслимани ние не можеме никогаш да одобруваме акти на тероризам или дуг вид насилство, изјави Ѓурмез на прес конференција.

Тој нагласи дека нападот бил извршен не само врз Франција, Европа или Западот, туку врз сите луѓе во светот кои го почитуваат мирот.

– Ниту една религија не наредува убивање луѓе. Напротив религиите го почитуваат правото на живот, изјави тој ид одаде дека извршителите на нападот во Париз извршиле и злоупотреба на името на Алах. Ѓурмез упати и повик до интелектуалци, научници и различни меѓународни организации во светот да работат заеднички за постигнување мир.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски