Северноатлантскиот совет со поддршка за Турција во борбата против тероризмот

Од:

Северноатлантскиот совет денеска на барање на Турција одржа консултации по терористичките напади на југоисток во таа држава.

– Остро ги критикуваме терористичките напади врз Турција и изразуваме сочувство до турската Влада и семејствата на жртвите во Суруч. Тероризмот претставува директна закана за безбедноста на членките на НАТО и на меѓунардоната стабилност и просперитет. Тоа е глобална закана што не познава граници, националност или вера, предизвик против кој меѓународната заедница мора да се бори, се вели во заклучоци од состанокот на Советот.

– Бебзедноста на Алијансата е неделлива и изразуваме солидарност со Турција. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата на југоисточната граница на НАТО, соопштено е денеска од НАТО.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина