Селими: Нема „бланко забрана“ за посета на српски претставници

Од:

Косовскиот заменик-министер за надворешни работи Петрит Селими изјави дека не постои „бланко забрана“ за посета на српски претставници на Косово и оти Приштина не донела таква одлука, јави Танјуг.

Според него, секое барање за посета на Косово ќе биде проследено до косовското Министерство за правда, што и досега било практика.

– Зависно од проценката на безбедносната ситуација и други елементи кои секогаш се анализираат, ќе биде одговорено. Но, не постои некоја забрана, рече Селими.

Тој, меѓутоа, додаде дека нема да биде дозволено кој било од службениците на српската Влада да учествува во „партиски настани“ на Косово.

– Секако, не очекуваме дека државници на Србија во која било смисла ќе прават политички или партиски говори“ на територија на Косово, рече Селими.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија