Селаковиќ: Залагањето за прием на Косово во Советот на Европа го дестабилизира регионот

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави денес дека напорите за прием на Косово во Советот на Европа (СЕ) се закануваат да ги дестабилизираат политичките и безбедносните услови во регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Залагањето за прием на самопрогласено Косово во Советот на Европа, но и погласните барања Приштина да влезе во НАТО, не само што не придонесуваат за стабилноста на Европа, туку напротив се закануваат да ја дестабилизираат политичката и безбедносната ситуација во нашиот регион, се вели во соопштението на Селаковиќ по повод најавата на известувачот на Советот на Европа Виола фон Крамон, дека го поддржува предлогот „Косово да аплицира за членство во Советот на Европа“.

Фон Крамон објави на Твитер дека за приемот на Косово во СЕ се залага подолго време и дека се сложува со Европската иницијатива за стабилност (ESI), косовската влада сега да аплицира за членство во Советот на Европа.

-Граѓаните на Косово заслужуваат целосен пристап до најстарите механизми за човекови права во Европа, напиша вчера Фон Крамон.

Во соопштнието од српското МНР, Селаковиќ оцени дека „европратеничката Виола фон Крамон решила да ги искористи настаните во Украина и стравот на европските земји од дестабилизација во поголем обем за да ги радикализира нејзините напори за лобирање со цел да обезбеди членство на самопрогласеното Косово во меѓународните организации“.

-Во деновите кога меѓународното право и меѓународниот поредок што го знаеме се на испит поради настани кои немаат никаква врска со Западен Балкан, верувам дека никој не треба со наметнување решенија и опасни политички потези да им дава легитимитет на сепаратистите во јужната српска покраина, бидејќи сепаратизмот, како што Србија со години предупредува е заразен и со домино ефект може да се прошири низ светот, се вели во соопштението на српското Министерство за надворешни работи.

Во предлогот на Европската иницијатива за стабилност (ESI) насловен „Како Косово може да стане 47. членка на Советот на Европа“ се наведува дека Косово е европска демократија каде што се одржани редица слободни и фер избори, нема политички затвореници или обвинувања за нехуман третман и има одредби за малцинските права.

Во предлогот се додава дека 34 од 46 членки на СЕ, колку што има по суспензијата на Русија, ја признаваат независноста на Косово и дека пристапот на Косово сега ќе покаже дека Советот на Европа останува најрелевантната институција за европските демократии посветени на Европската конвенција за Човечки права.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија