Сеизмолог предупредува: Балканот ќе се тресе со години, следниот голем земјотрес може да удри било каде

Од:

Балканот е трусно подрачје, а земјотресите во Хрватска деновиве се знак дека во регионот е акумулирана голема енергија, која може да се празни низ нови потреси насекаде на полуостровот во следните години, вели српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ.

„Италија ротира кон Балканскиот Полуостров и врши притисок врз јадранскиот брег, каде што се најсилните земјотреси на Балканот. Тие се случуваат во Хрватска, Црна Гора, Албанија, но имаат влијание и врз нас. Тоа е првиот фронт. Тој притисок низ Динаридите се пренесува и на внатрешноста, се до нашите простори, до централна Србија,“ вели Радовановиќ.

Овој пат, Хрватска била прва на ударот на тој притисок. Сепак, потресите во Петриња ја намалуваат веројатноста дека на тоа подрачје ќе се случи повторно некој голем земјотрес, вели сеизмологот, напоменувајќи дека сепак, таа веројатност не е целосно елиминирана.

Според Радовановиќ, очите на сеизмолозите сега се вперени во соседните региони, каде 50 или 100 години немало голем земјотрес, како Словенија.

„Кога ќе се случи ваков силен земјотрес, месец дена по него никој не е загрозен. Следните години ќе се види во кој правец ќе тргне тој процес – дали кон Алпите или ќе тргне кон централна Босна или паралелно и кон Србија и Далмација. Тоа сега не го знаеме. Тоа е мултифрактален процес, има многу гранки по кои може да тргне, а дали тоа ќе биде еден или друг правец, во голема мера одредува случајноста. Секаде ќе стигне, но каде во моментот ќе тргне, тоа е многу тешко да се каже,“ вели сеизмологот.

Таа додава дека не постои место на Балканот што може да се прогласи целосно безбедно од силен земјотрес, како и дека потресите треба да се очекуваат, а државите и нивните граѓани да бидат подготвени на нив.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски